Македонија
7. April 2025 - 21:16

Кога се трошеле најмногу државни пари

Годишно во просек по повеќе од една милијарди евра државни пари се трошат преку Системот за Јавни набавки. Направивме анализа на јавнодостапните податоци на системот за да видиме кога како одело трошењето на народните пари.

Податоците се разликуваат од година во година. 2023 – е годината во која државата потрошила најмногу пари преку Системот за јавни набавки – или нешто повеќе од 1,5 милијарди евра. Но многу близу се и 2021 и 2024 година. Токму во овие две години потрошени се нешто повеќе од 1,3 милијарди евра.

Институциите и функционерите најштедливи биле во 2017, година на промена на власта по цели 11 години. Тогаш државата потрошила „само “ 633 милиони евра.

Најголем дел од парите, односно половина, биле дадени за „стоки“, додека по една четвртина за услуги и работи.

Доколку ги гледаме по институции и државни компании, најголем трошач бил ЕСМ. За 10 години потроши речиси 1 милијарда евра. Речиси исто колку ЕСМ потрошиле Министерството за здравство и ЕВН кои заедно потрошиле 1 милијарда и 22 милиони евра.

Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за внатрешни работи ја комплетираат „првата петорка“ на најголеми трошачи. ЈПДП за 10 години преку Системот за јавни набавки потрошило 429 милиони евра, додека МВР 312 милиони евра.

За 10 години склучени се речиси 320 илјади договори. Најголем бенефит од тендерите имале мали и средни компании со оглед на тоа што повеќе од половина од договорите биле склучени со нив. 40% од тендерите ги добиле големи компании. Странски компании добиле 4% од тендерите, додека микро претпријатијата 2,2%.

Мали и средни компании – 53,11%

Микро компании – 2,26%

Големи компании – 40,48%

Странски компании – 4,06%

Компанија                                                                                         Вредност на договори

ЕСМ                                                                                                   973.731.916 евра

Министерство за здравство                                                             513.075.907 евра

ЕВН                                                                                                    509.324.381 евра

ЈПДП                                                                                                  419.477.178 евра

МВР                                                                                                    312.209.140 евра

ВКУПНО ТРОШЕЊА ПО ГОДИНИ

2024 – 1 МИЛИЈАРДА 361 МИЛИОНИ 677 ИЛЈАДИ И 448 (1.361.677.448 ЕВРА)

2023 – 1 МИЛИЈАРДА 511 МИЛИОНИ 692 ИЛЈАДИ И 083 (1.511.692.083 ЕВРА)

2022 – 1 МИЛИЈАРДА 148 МИЛИОНИ 546 ИЛЈАДИ 790 (1.148.546.790 ЕВРА)

2021 – 1 МИЛИЈАРДА 311 МИЛИОНИ 809 ИЛЈАДИ 770 (1.311.809.770 ЕВРА

2020 – 931 МИЛИОН 466 ИЛЈАДИ И 630 (931.466.630 ЕВРА)

2019 – 969 МИЛИОНИ 983 ИЛЈАДИ И 795 (969.983.795 ЕВРА)

2018 – 758 МИЛИОНИ 886 ИЛЈАДИ И 299 (758,886,299 ЕВРА)

2017 – 632 МИЛИОНИ 962 ИЛЈАДИ И 556 (632,962,556 ЕВРА)

2016 – 990 МИЛИОНИ 192 ИЛЈАДИ И 767 (990,192,767 ЕВРА)

2015 – 776 МИЛИОНИ 353 ИЛЈАДИ 949 (776,353,949 ЕВРА)

За десет години потпишани се 319.367 договори.

Вкупно потрошени се 10 милијарди 393 милиони 572 илјади 092 (10,393,572,092 евра)

Стоки: 51,4%

Услуги 24,4%

Работи 24,2%

Половина од парите се платени за стоки, а по една четвртина за услуги и работи.