Нови паркинзи за жителите на Козле

Партерно се поплочува паркинг просторот на улицата „Јуриј Гагарин“ бр. 6 во населбата Козле. Проектот е вреден околу 3,7 милиони денари и финансиран од општина Карпош.
- Изведувач на градежните работи е фирмата „СМ Компани“, а паркингот зафаќа 1.968 метри квадратни. Со комплетирање на оваа инвестиција, од Министерството за економија до населбата Нерези, сите улици, рабници, тротоари се целосно реконструирани и реновирани, а атмосферската и фекалната канализација е заменета. нагласи градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски. Додаде дека родителите кои своите деца ги носат во градинката „Пролет“ и основното училиште „Владо Тасевски“ прописно ќе можат да ги паркираат автомобилите.
Општина Карпош во изминатиот период, како што рече, имаше намален прилив на финансиски средства поради законските прописи кои важеа во текот на изборниот циклус на последните парламентарни избори, со кои се оневозможуваше прилив на финансиски средства во општините.
- Како општина, најпрво со наши средства го затворивме атмосферскиот канал кој претходно се наоѓаше на ова место, иако тоа претставуваше обврска на Град Скопје. Таа инвестиција не чинеше околу 3 милиони денари. По асфалтирањето на улицата, денеска ги поплочуваме паркинг местата и целата оваа инвестиција на затворање на каналот, проектирање и асфалтирање на улицата, како и изградбата на овој паркинг простор, локалната самоуправа ќе одвои околу 10 милиони денари, истакна Јакимовски.
Ново на Сител
-

Предлог буџетот е остварлив, само ако парите се насочат кон вистински капитални проекти
-

Тема на денот со Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на Кичево (ВМРО ДПМНЕ)
-

Арсовска не сака да назначи нов директор на Комунална хигиена, претпријатието пред колапс
-

Касами менува реторика: Изјавата му била политички погрешно толкувана
-

Кандидатите за скопските општини со ветувања за млади, занаетчии, отворање на мали бизниси
-

Анализа на реториката на кандидатите за градоначалници во вториот изборен круг
-

Две третини од избраните градоначалници добија продолжување на мандатот
-

Сиљановска-Давкова од Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат
