Николоски на средба со УКЕФ во Лондон: Македонија со огромна подршка од Велика Британија го започнува најважниот регионален проект за брза пруга на Коридор 10
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на работната посета на Обединетото Кралство, денеска остварил средба со претставници на Националната агенција за извозно финансирање - УКЕФ.
Како што соопшти Министерството за транспорт, на состанокот се разговарало за подршката што ја овозможува УКЕФ кон земјите од Западен Балкан во делот на обновливите извори на енергија, транспортот и здравството.
Вицепремиерот Николоски на состанокот ги потенцирал националните стратешки планови на Македонија за развој и модернизација на инфраструктурата со посебен акцент на регионалното поврзување на патната и железничката мрежа, како и политиките за зелена транзиција.
Посебен фокус ставил на изградба на брзата пруга како проект од национално и регионално значење што се реализира со огромна подршка на Обединетото Кралство преку финансиска подршка како и пренесување на експертско знаење и практики.
-Македонија е пример како соработката со УКЕФ влијае врз регионалниот еконономски развој, истакна Николоски на средбата, притоа додаде дека Обединетото Кралство е стратешки партнер на Македонија во развојот на земјата и во тој конткест соработката се насочува кон подршка на економскиот и општествениот развој, стои во соопштението на Министерството за транспорт.
Исто така биле разменети информации за соработката меѓу Македонија и Обединетото Кралство во насока на подршката што ја обезбедува оваа Агенција во рамки на нејзините државни политики.
На средбата покрај вицепремиерот Николоски, учество земаа и ресорни министри од Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Албанија.
MИА
Ново на Сител
-
10 годишно дете гризнато од глушец во скопски Капиштец
-
Скопските градоначалници ќе бараат помош од колегите во другите градови за да го соберат ѓубрето
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ
-
Притвор се бара за шест лица, а за деветнаесет мерки на претпазливост за злоупотреби во прилепската болница
-
Сведоци на обвинителството се откажуваат од прогон на онкологот Васев
-
Преполните контејнери и расфрланиот смет се потенцијална “бомба” за заразни заболувања
-
Кој колку би освоил на парламентарни избори?
-
Касами ветува поддршка за ДУИ во Кичево, очекува гласови од интегративците во останатите општини