Намален водостојот на неколку реки, се уште критични Треска, Вардар, Пчиња и Боротинско Блато

Водостојот на реката Пена, Радика, Сатеска и Голема бележи намалување, додека критични се водостоите на Треска, Вардар, Боротинско Блато и Пчиња, информираат од УХМР.
На хидролошките станици високи водостои се уште се бележат на реките Вардар кај Јегуновце, Радуша, Скопје, реката Пена кај Тетово, Треска кај Македонски Брод, Радика кај Бошков Мост, Сатеска кај Ботун, Голема кај Ресен.
- Според најавата на синоптичарите за намалување на врнежите, очекувано е и намалување на притисокот врз реките со нови водни количини, и тоа прво во погорните делови од сливовите, а потоа и низводно, наведуваат во соопштението.
Врнежите и топењето на снегот придонесоа особени покачувања на водостоите во сливовите на реките Радика, Вардар(горен тек), Треска, Кичевска, Мала Река(Самоков), Црн Дрим, Сатеска, Коселска, Црна Река(горен тек),...
Во соопштението се наведува дека поради интензивните поројни дождови има локални поројни поплави во Тетовско, Кичевско и Охридско.
Ново на Сител
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
-

Депонијата Буково канцерогена бомба
