МЗЗПР периодов бележи над 20 смртни случаи на работно место во Македонија
Статистика за број на несреќи при работа и смртни случаи според МЗЗПР
Година (вкупно несреќи на работно место, смртни случаи)
2010 (129, 44)
2011 (123, 44)
2012 (161, 45)
2013 (98, 28)
2014 (130, 42)
2015 (144, 39)
2016 (113, 19)
2017 (158, 24)
Највеќе во дејност: Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување (вкупно 35 од кои 34 повреди и 1 смртен случај)
Второ место во дејност: Градежништво (вкупно 31 од кои 25 повреди и 6 смртни случаи)
Најмалку во дејностите: Образование; рударство и вадење на камен; снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; и финансиски дејности и дејности на осигурување (вкупно 1 од кои 1 повреда по дејност)
Најголем број несреќи што резултирале со смрт: дејности на домаќинствата што произведуваат и вршат различни услуги за сопствени потреби (пр. нерегистрираните земјоделци и градежништво)
17,98% е стапката на повреди на работно место за 2017 година во Република Македонија. Стапката на смртни случаи, пак, изнесува 3,22%.
Ова претставува значително зголемување во однос на 2016 година, кога стапката на повреди на работното место била 13%, а на смртни случаи 2,62%.
Безбедноста и здравјето при работа како збир на мерки, нормативи и стандарди пропишани за создавање на безбедни услови за работа во Република Македонија е УСТАВНА категорија.
Терминот БЗР - „Безбедност и здравје при работа“ не се означува само заштитата на вработениот од физички повреди и професионални заболувања, туку и заштита на неговата психичка личност
Работниците на работното место може да се соочат со различни видови несреќи – вдишување токсични гасови, прашина, изложеност на прегласна околина, топлина, стрес, непримена на ергономските принципи.
Кои се обврските на работодавачите за безбедност и здравје при работа?
да обезбеди безбедност и здравје при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата.
* мерки за избегнување на ризици
* проценување на ризиците што не може да се избегнат
* справување со ризиците на самиот почеток
* прилагодување на работата кон поединецот, на работното место и на работната средина
* соодветна лична заштитна опрема
* избор на хемиски супстанци или препарати, прилагодување кон технолошкиот напредок, замена на опасното со безопасно или со помалку опасно
* развивање целосна безбедносна стратегија во поглед на технологијата, организацијата на работата, работните услови, меѓучовечки односи и фактори што влијаат врз работната средина, како и обезбедување соодветни упатства и инструкции и известувања на вработените.
Пријави прекршување на правата од безбедност и здравје при работа!
Државен Инспекторат за труд на Република Македонија
Ново на Сител
-
Бока: Интеграцијата на Македонија во ЕУ е незавршен процес
-
Опозицијата контра именувањето на Богојески, за власта битна ќе е неговата работа, а не коментари
-
ВМРО-ДПМНЕ бара Судски и Советот на јавни обвинители да го преиспитаат предметот за Теодора
-
Истражување: Секоја петта објава на политичките партии содржи штетен наратив
-
Државата ќе пресметува колку пари му требаат на трочлено семејство за покривање на основните трошоци
-
Секоја втора жена не работи
-
Затворени 28 објекти без лиценца и минимум технички услови за работа
-
Решението за глувците во училиштето во Бутел е дератизација, вели министерката Јаневска