Курти: НАТО го запре српскиот геноцид во Косово, вечно сме му благодарни
Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека воената интервенција на НАТО во 1999 година го запре геноцидот на Србија врз косовскиот народ, јави дописникот на МИА од Приштина.
На денешното одбележување на 24-годишнината од ослободувањето на Косово, односно од влезот на силите на НАТО во земјата и заминувањето на српските воени и полициски сили, Курти се заблагодари на меѓународните сојузници за тоа што на косовсарите им ги донесоа слободата и мирот.
– По ослободувањето доаѓа мирот. Денеска, на 12 јуни, се сеќеваме и ја славиме 24-та годишнина на ослободувањето и воведувањето на мирот во нашата земја. Заедно со претседателката на Републиката (Вјоса Османи) и претседателот на Собранието (Глаук Коњуфца) ги чествувавме, со поставување свежи цвеќиња и одавање почит, хуманизмот на (Ибрахим) Ругова, цврстината на (Адем) Демачи, жртвата на семејството Јашари и придонесот на НАТО, изјави Курти.
Тој им одаде почит на сите кои го дадоа живото за слободата на Косово и им изрази вечна благодарност на силите на НАТО кои интервенираа против Србија.
– Се поклонуваме пред сите паднати борци и маченици на нацијата и сите оние кои ги дадоа своите животи за слободата на народот и ослободувањето на Косово. Воената интервенција на НАТО го спречи српскиот геноцид врз нашиот народ, ние сме секогаш и засекогаш благодарни“, рече Курти.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Угинаа две лами во скопската Зоолошка - Кај првата е утврдено дека имала туберколоза
-
Тема на денот со Гордан Јорданов, од Обединета македонска дијаспора
-
Уапсен директорот на Геријатрија – земал поткуп од 20 000 евра
-
Обвинителството нема да го гони судијата за поправањето оценки
-
Мицкоски: Правдата за Теодора не е задоволена, Судски да ја преиспита работата на тетовскиот судија
-
Четворица од повредените во Кочани во подобрена состојба денеска се испишани од софиската болница “Пирогов”
-
Филипче повика на уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека е апсурдно да зборува за ЕУ