Четворица од повредените во Кочани во подобрена состојба денеска се испишани од софиската болница “Пирогов”
Четворица од повредените во пожарот во дискотеката во Кочани кои беа на лекување во софиската болница “Пирогов” во подобрена состојба денеска се враќаат во Македонија. Пред да си заминат во изјава за тамошните медиуми родители на децата се заблагодарија за медицинската грижа, помошта и подршката за нивните најблиски.
- Нашите деца денеска ги отпуштаат од болницата “Пирогов” и тука сме да се заблагодариме на директорот Николов, професорката Аргирова, на сите доктори и целокупниот персонал кој пред се со своите човечки и професионални ангажманиги лекуваа нашите деца. Исто така се заблагодаруваме на Бугарија и целиот бугарски народ за сочувствувањето и грижата за нас. Благодарност и до сите крводарители кои излегоа во огромен број кога беа најпотребни за нас. Нашето лекување ќе продолжи во “Пирогов” со контролни прегледи и интервенции наредниот период. Уште еднаш благодариме многу од срце, изјави Хуанита Соколова, мајка на повредена во пожарот во Кочани.
- Денеска сме 4-ца се надеваме што побргу и другите ќе го следат нашиот пример и ќе си дојдат и они побргу, рече Борче Минов, татко на повреден во пожарот во Кочани.
- Кога сакаат зборуваат за настанот кога не не ги присилуваме. Голем шок и траума ќе им остане секако за цел живот. Меѓутоа сите се како едно семејство и да се надеваме дека сите до еден ќе бидат подобро, вели Катица Петрова, мајка на повредена во пожарот во Кочани.
Во еден од поголемите центри за третман на изгореници “Пирогов” во Бугарија остануваат уште 4-ца од повредените во пожарот во Кочани. Според информации од болницата тие се во тешка, но стабилна состојба и во тек се повеќе интервенции за нивно заздравување.
Од министерството за здравство соопштија дека на болничко лекување во странските центри остануваат 64 пациенти, а во македонските болници хоспитализирани се 7 повредени.
Двајца од повредените кои беа префрлени во Литванија им подлегнаа на повредите.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар