Македонија
8. April 2025 - 16:44

Мицкоски: Правдата за Теодора не е задоволена, Судски да ја преиспита работата на тетовскиот судија

Судскиот совет да ја преиспита работата на судијата од тетовскиот суд, кој пресуди само двегодишна затворска казна за возачот кој ја усмрти младата Теодора Ристовска. Премиеот Мицкоски згрозен од ваквата пресуда, вели ова не е правда, туку целосно потфрлање на системот. Најави борба со секој што ја злоупотребил својата моќ и го ставил својот интерес пред безбедноста на граѓаните. Според него, потребен е механизам кој ќе делува брзо, ефикасно и бескомпромисно против корупцијата

- Македонија страда од епидемија на корупција, затоа борбата за владеењето на правото не е само административен проблем, туку национална итност, порача вицепремиерот за добро владеење Фетаи, на првата конститутивна седница на владиното Меѓуресорско тело за справување со корупција. 

- Само борбата со корупцијата и спроведувањето на планот за реформи можат да ги придвижат македонските интеграции, порачаа и амбасадорите на ЕУ и САД. Повикаа на национално обединување и политичка волја за да промени сликата во правосудството и враќање на довербата во институциите. 

Македонската влада добива поддршка во борбата со корупцијата и од ОБСЕ, од каде велат дека ќе ја поддржат Националната стратегија 2026-30-та за да се промени состојбата. ЕУ очекува Македонија да воспостави правосуден систем кој нема да подлежи на никакви влијанија, најмногу политички.