Коњаниците тргнуваат за Крушево
„Илинденскиот марш 2018“ денеска ќе стартува во 17 часот од паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, која традиционално е покровител на овој коњички марш. Ќе заврши на втори август во Крушево, каде коњаниците треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.
Градоначалникот на Аеродром Златко Марин на коњаниците ќе им го предаде општинското знаме со што официјално ќе стартува јубилејниот 40-ти коњички марш организиран од Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.
Во рамки на манифестацијата дваесетина коњаници придружувани од игроорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“ ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.
Во 19 часот коњаницата пристигнува во црквата и почнува вечерната програма. Пред свеченото испраќање на коњаниците од Горно Лисиче, на возраст од 18 до 65 години, во црквата „Св. Петар и Павле“ ќе се одржи свечена литургија и се организира свечена музичка програма каде ќе настапат познати македонски естрадни уметници.
Општинската организација на Црвениот крст „Кисела Вода“ во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе одржи крводарителска акција од 17:30 до 20 часот.
Ново на Сител
-
Онкологот Васев бара неговиот предмет да го превземе државниот јавен обвинител
-
Може ли рана дијагноза на рак на дојка ако за дијагностички процедури се чека со недели?
-
Без пожари на Вардариште и Дрисла во Скопје, мерки за поддршка на бизнисот во Куманово
-
Филипче: Власта шири лаги за СДСМ бидејќи нема проекти и европски реформи
-
Сообраќајната инфраструктура фокус на кандидатите во Чаир
-
Предизборни активности на независните кандидати и помалите партии
-
Со 10.000 бруцоши почна новата академска година
-
Вработените во Паркови и зеленило добија плата, останатите утре пак ќе протестираат