Македонија
1. October 2025 - 16:33

Филипче: Власта шири лаги за СДСМ бидејќи нема проекти и европски реформи

ВМРО-ДПМНЕ сака контролирано, а не реформирано судство, вели опозицискиот лидер. Филипче и денеска тврди дека власта не спроведе ниту една реформа од европската агенда, па кога нема со што да се пофали, шири лаги за опозицијата.

СДСМ нема соработка ниту со ДУИ, ниту со Левица, но Филипче вели дека нема да се изненади ако по локалните избори ВМРО-ДПМНЕ влезе во владина коалиција со Ахмети.

Како да се реши проблемот со загадувањето денеска беше фокус и на кандидатката за Град Скопје. Шукова ветува 15 паркови во првите 15 месеци, зелен појас околу Скопје, хуман третман за уличните кучиња.

Урбанизација на Вардариште и поврзување на Аеродром и Гази Баба со нов мост ветува и кандидатот за градоначалник на Аеродром.

Пензинерите во Центар пак ќе добијат дом за стари лица и двојно поголема финансиска поддршка.

Коалицијата предводена од СДСМ вечерва  ќе одржи митинзи во Кичево и Македонски Брод.