Македонија
1. October 2025 - 16:33
Сообраќајната инфраструктура фокус на кандидатите во Чаир
Сообраќајната инфраструктура и проблемот со паркирањето денеска е во фокусот на кандидатите за нов градоначалник на скопски Чаир.
Кандидатот од коалицијата предводена од ДУИ најави дека проблемите со паркингот во Чаир ќе ги решава со изградба на катни гаражи.
Неговиот конкурент од ВРЕДИ најави трансформација на дел од улиците во булеварски решенија.
Кампањата на партиите од албанскиот политички блок продолжува и вечерва со митинзи и средби со граѓани во повеќе општини.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->