Македонија
1. October 2025 - 16:33

Предизборни активности на независните кандидати и помалите партии

Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Горан Марковски доколку ја добие поддршката од скопјани ветува дека ќе ја доврши прочистителната станица, еден од најголемите капитални проекти во главниот град кој вели е испоганет од дневно политичките игри.

Оваа прочистителна станица е од клучно значење за скопјани и заштитата на Вардар.

Позитивна капмања пак, ќе води независниот кандидат за градоначалник на Кочани. Под позитивна кампања не се подразбира да се кријат проблемите, вели Зоран Тодоров, па заедно со граѓаните ќе наоѓаат заеднички решенија за да го подобрат животот во овој град.

Кандидатот за Скопје пак, од Левица вели дека и покрај забраната да се рекламираат во медиумите тие ќе бидат цела кампања на улица со граѓаните да им ги дознаат реалните проблеми.

Денеска во 17 часот претседателот на партијата, Апасиев заедно со кандидатите ќе биде во општина Илинден, а во 19 часот ќе имаат средба со граѓаните на Велес.