Македонија
1. October 2025 - 16:33

Може ли рана дијагноза на рак на дојка ако за дијагностички процедури се чека со недели?

Нема тумор маркери, недостасува дел од онколошката терапија а за дијагностика се чека со недели и месеци. Вака започнува розевиот Октомври, месецот посветен за подигнување на свеста во борбата против ракот на дојка.

Од здружението Хема Онко направиле интерна анкета меѓу 200 пациенти и дошле до застрашувачки податок дека 70 проценти од нив на приватно ги правеле испитувањата за дијагноза. Шетањето по лавиринтите низ здравствениот систем и недостатокот на кадар е голема пречка за како што велат пациентите, се зборува за рана дијагноза и превенција.

-Персоналот кој работи овде е исцрпен до максимум. Имаме еден хроничен недостаток на медицински персонал и тоа е едно прашање кое мора под итно да биде решено. Многу често се случува токму поради тој недостиг на персонал на 100 лежечки пациенти да има само две медицински сестри, изјави Милица Кузмановска од Хема Онко.

Од Хема Онко велат ќе работат периодот за комплетно активирање на тумор бордовите каде ќе се одлучува каде да оди пациентот по дијагнозата, а не како досега сите прво да завршат на хирургија.

А оние кои веќе се соочиле со болеста и го поминале целиот пат на Онкологија знаат колку е важна раната дијагноза и свесноста кај жените.

-Моето патешествие низ клиничкиот центар почна на 4 октомври 2019 година. После хируршка интервенција и доаѓање во Онкологија. Поминати осум хемотерапии, таблетарна терапија. Лани во ноември на контролен преглед ми се најде рецидив, беше отстранет. 6 години, сега сум добра, промена на терапија на биолошк, вели Тереза Балаловска, онколошки пациент.

Проблемите се исти со години, одредени решенија има, но како што велат пациентските здружениуја, тие не се доволни за современ третман на големиот број пациенти со рак на дојка. Само лани имало 1200 ново дијагностицирани што е двојно повеќе во споредба од пред 10 години.