Конференција за детската сиромаштија

Во организација на Првата детска амбасада во светот - МЕЃАШИ во партнерство со Аригатоу Интернационал, нивната Иницијатива за крај на детската сиромаштија и Глобалната мрежа на религиите за децата (ГМРД) денеска и утре ќе се одржи конференција на тема „Крај на детската сиромаштија и насилството врз децата“.
Една од целите на конференцијата е сите одговорни државни институции, различните конфесии, граѓански организации, поединци и граѓани/ки заедно да моделираат ефикасни решенија што ќе помогнат во борбата против детската сиромаштија и насилството врз децата.
На оваа конференција ќе присуствуват 30-35 партнери на ГМРД од 10 држави: Босна и Херцеговина, Хрватска, Германија, Романија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Русија, Србија и тимот на Аригатоу Интернационал од Кенија.
Ново на Сител
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
-

Депонијата Буково канцерогена бомба
