Македонија
25. November 2025 - 21:15

Експерти: Анкетна комисија за Пулс во Парламентот може да влијае на судската постапка

Паралелното водење на судски процес за случајот со кочанската дискотека и формирање на анкета комисија во Парламентот може да влијае на текот на постапката, смета експертската јавност. Според поранешната судијка Маргарита Цаца Николовска, во моментов не е неопходно да се води постапка преку анкетна комисија во парламентот, додека судот постапува.

Пратениците пак не ги делат ваквите ставови. Пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски за Сител вели дека анкетната комисија за Пулс нема да штети на судската постапка, бидејќи истражната постапка е веќе завршена. Потврди дека нивната иницијатива која собранискиот спикер Гаши експресно ја врати е веќе корегирана и повторно поднесена кај собраниските служби. Подготвени се да дебатираат и по иницијативата на мнозинството.

Владата пак очекува плодна дебата во собранието по поднесените инцијативи на власта и опозицијата, не само за Пулс туку и за автобуските трагедии и модуларната болница.

Претрходно и државниот онбвинител Коцевски реагираше дека не е соодветно во исто време додека траат судските рочишта да има утврдување на политичка одговорност во Парламентот, поради можна злоупотреба.