Кина и Тајван во фокусот: Телефонски разговор меѓу јапонската премиерка Такаичи и претседателот Трамп

Јапонската премиерка Санае Такаичи и американскиот претседател Доналд Трамп разговараа за односите со Кина за време на денешниот телефонски разговор. Ова е нивен прв разговор откако јапонската премиерка предизвика сериозен дипломатски скандал со Пекинг со нејзината изјава за Тајван.
Одговорот на Такаичи на прашање во Парламентот претходно овој месец, дека хипотетички кинески напад врз Тајван може да предизвика воена реакција од страна на Јапонија, предизвика жестока реакција од Пекинг, што вклучуваше и бојкот на патувањата во Јапонија.
Кина го смета Тајван за дел од својата територија и не ја исклучува употребата на сила за да воспостави контрола над островот. Владата на островот ги отфрла претензиите на Пекинг и инсистира дека само народот на Тајван може да одлучува за својата иднина.
Кинескиот претседател Си Џинпинг, во вчерашниот телефонкски разговор му рекол на Трамп дека „враќањето на Тајван во Кина“ е клучен дел од визијата на Пекинг за светскиот поредок, објави официјалната кинеска новинска агенција Синхуа. Трамп го пофали напредокот во трговските преговори, но не ги спомна разговорите со Си за Тајван во објава на „Трут Соушл“ по неговиот разговор со кинескиот лидер.
– Претседателот Трамп даде кратко објаснување за моменталната состојба на односите меѓу САД и Кина, изјави Такаичи пред новинарите по нејзиниот денешен разговор со Трамп, но одби да навлегува во детали.
Главниот секретар на јапонскиот кабинет, Минору Кихара, денеска изјави пред новинарите на редовна прес-конференција дека „стабилноста на односите меѓу САД и Кина е исклучително важна за меѓународната заедница, вклучително и за Јапонија“.
– Претседателот Трамп спомна дека тој и јас сме исклучително добри пријатели и дека би бил среќен да добие повик од мене во секое време, додаде Такаичи.
Во меѓувреме, премиерот на Тајван, Чо Џун-таи, денеска изјави дека за 23-те милиони луѓе на островот „враќање во Кина“ не е опција.
МИА
Ново на Сител
-

Одложено утрешното судење за „Пулс“, обвинетите не го добиле обвинението
-

Заврши истрагата за полициските службеници осомничени за пожарот во кочанската дискотека
-

Екс министерот Димковски осомничен за криминал со стоковните резерви
-

Судски совет презентираше програма за борба против корупцијата во судството
-

Мицкоски до утре ги чека предлозите од ВРЕДИ за празните места во Владата
-

Над 6 илјади граѓани аплицирале за грант за отворање сопствен бизнис
-

Новата цена на струјата ќе се знае наскоро, Владата ќе ја утврдува на затворена седница
-

Пропадна тендерот за избор на изведувач за Универзална сала
