Македонија
25. November 2025 - 16:31

Новата цена на струјата ќе се знае наскоро, Владата ќе ја утврдува на затворена седница

Ќе поскапи ли струјата за домаќинствата и малите бизниси? ЕСМ ги прати пресметките до Владата. Дали се повисоки од моменталните 62 евра за мегават час, премиерот Мицкоки не сакаше да открие. За нив ќе се одлучува на затворена седница , но најави дека новата цена ќе се знае за многу скоро. Негов предлог е наместо полугодиишен, тендерот  за набавка на електрична енергија да биде годишен.

-Оваа година бидејќи ќе биде годишен тендерот нема да биде полугодишен како до сега цената која што ќе ја понуди на тендерот ЕСМ, а ќе биде мој предлог на Влада, ќе се знае за многу кратко бидејќи е дел од затворена седница на Влада така што бидете трпеливи, ќе ја дознаете, изјави Христијан Мицкоски, премиер.

Произведенета електрична енергија ЕСМ ја продава на Универзалниот снабдувач. Цената изнесува 62 евра за мегават, иако производната е повисока и надминува 100 евра. Разликата и натаму ја субвенционира Владата, за да нема значителен удар врз џебот на граѓаните. Новата цена ќе важи од 1 јануари до 31 декември следната годинаа.

Во сметките за струја ќе се вкалкулира и новата цена за пренос и дистрибуција, за која првиот регулатор Бислимовски изјави дека не очекува да има промени.