Пропадна тендерот за избор на изведувач за Универзална сала
Пропадна тендерот за избор на изведувач за Универзална сала. На тендерот понуди доставиле две фирми, но ниту една од нив не го добила бидејќи не ги исполнувале условите. Нов изведувач ќе се бира во јануари, следната година.
„Морам за жал да кажам дека добивме известување од Комисијата за жалби тендерот за универзална сала не помина, бидејќи имаше одредена жалба или поплака за изведувачот. Единствениот изведувач кој беше, според мене тоа не е суштински проблем. Но, како и да е стигна известувањето од Комисијата за жалби. Наредната недела повторно ќе го повториме тендерот за Универзална сала“, изјави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
Новиот тендер што ќе се распише по истекот на жалбата, за околу два месеци ќе го пробие рокот на Љутков, кој најави функционална Универзална сала до 2028 година.
„Ќе ја одолговлечи работата за околу два месеци бидејќи сега постапката ќе трае малку пократко бидејќи онаа фаза во којашто го изработувавме тендерот траеше 15-20 денови. Сега во однос на таа фаза нема веќе забелешки, што значи дека веднаш ќе го распишеме тендерот штом истечат тие 10 дена“, дополни министерот Љутков.
Во меѓувреме, со пари од полската амбасада и Министерството за култура, кои заедно собраа нешто над 9 милиони денари, гостите во Театар Комедија веќе од петок ќе може да ги уживаат новите меки столчиња и да чекорат по новиот под.
Почнати се повеќе капитални проекти за обнова на националните установи, но се уште има значително голем број на кои им прокиснува кровот, во кои актерите користат стари гардеробери и уништени фасади.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
