Loading Video...
Свет
25. November 2025 - 16:30

Преглед на вестите од светот

Американскиот секретар на армија Ден Дрискол синока и утрово во Абу Даби разговараше со руска делегација,  како дел од новите и интензивни напори на администрацијата на Доналд Трамп за постигнување договор за прекин на војната во Украина соопшти портаролот на Дрискол. Шефот на руската дипломатија не ги потврди разговорите, но ги пофали напорите на Трамп да се тави крај на војната.

-Го цениме ставот на Соединиетит  држави, кои се единствениот западен лидер, за разлика од Лондон, Брисел, Париз и Берлин, кој презеде иницијатива да најде решение. Ние тоа го цениме.,  Европа „целосно потфрли  по сите параметри“ во своите постапки кон Украина, почнувајќи од 2014 година. рече Лавров.

За време на викендот американски и украински преговарачи  договорија  нова верзија на мировниот план на ТРамп за Украина од 19 точки, но детали не објавија.   Зеленски  наајвија   дека во наредните денови  најверојанто  ке отпатува во Вашингттон на средба со Трамп.

Чувствителните прашања, најделикатните точки, ќе ги разговарам со претседателот Трамп. Украина никогаш нема да биде пречка за мир. Ова е наш принцип, заеднички принцип, и милиони Украинци сметаат и заслужуваат праведен мир. Подготвени сме да работиме што е можно побрзо, изјави Володимир Зеленски, претседатаел на Украина.

Во текот на ноќта, Русија и Украина разменија воздушни напади. И двете страни пријавија жртви. Украинските власти информираа дека за напади врз  Киев, додека руското министесртвто за одбрана пријави напади на југот на земјата.

Србија ќе почека уште 50 дена Русија да најде купувач за Нафтената индустрија на Србија. Доколку тоа не се случи, Србија ке воведе  сопствена упрваа  над компанијата и   ќе им ја понудиме на нашите руски пријатели највисока аможна цена  изјави Вучиќ.

-Сакаме да покажеме колку ни е грижа за пријателството и не воведовме присилна администрација како во Бугарија и Романија. Сакаме да им ги дадеме тие 50 дена, а дури и тогаш нема да извршиме национализирање, ќе им дадеме повеќе пари отколку што побараа од партнерите. Се соочуваме со големи проблеми без наша вина”,

НИС од 2008 година е во мнозинска сопственост на рускиот „Газпромнефт“ поради што  е на удар од американски санкции, наметнати со аргументација дека  Русија треба да биде спречена да користи приходи од енергетика за  војната во Украина.

Санкциите на  САД  стапија на сила на 9. Октомври. Српскито претседател предупреди  Србија има уште четири дена до целосно затворање на рафинеријата  во Панчево  доколку САД не ја одобрат лиценцата за работа на Нафтената индустрија на Србија деенска или утре. Доколку Американците не одобрат нова лиценца, постои ризик од секундарни санкции против Народната банка на Србија и комерцијалните банки.