Изложба на фотографии на Александар Ѓорѓиев
Во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ вечер ќе биде отворена изложбата на фотографии „Анаграми за себепрепознавање“ од Александар Ѓорѓиев.
На својата прва изложба во родниот Прилеп Ѓорѓиев ќе се претстави со 20 фотографии.
Фотографот Александар Ѓорѓиев работи во Министерството за култура, а неговата изложба е дел од годинашнава манифестација „Прилепско културно лето“.
Ѓорѓиев има богато професионално искуство како фотограф. Работел во „Нова Македонија“, во „Екран“. Неговите фотографии се дел од монографиите: „Слики со историска содржина“ за Музејот на македонската борба за државност и самостојност, во монографијата за Музејот на македонската борба за државност и самостојност, негови се фотографиите во „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, го илустрирал „Македонскиот традиционален готвач“, потоа „Охридските пораки за мир и соживот“, „Градски трговски центар“.
Соработувал на фотографијата за филмовите: „Прашина“ на Милчо Манчевски, „Ангели на отпад“ на Димитар Османли и бил продуцент во филмот „Последниот валцер“ на Младен Крстевски.
Досега имал самостојни изложби во Словенија, Куманово, Крушево, Скопје и во Битола.
Ново на Сител
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор на САД и експерт за меѓународна економија
-
Осквернавен споменикот на децата бегалци
-
Уште четворица повредени во пожарот во Кочани се враќаат во Македонија
-
Продолжија судењата против Мерко
-
Кина возврати со 84% на американските 104% царини, ЕУ возврати со 25%
-
30 дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Финансова откри милионска проневера преку кумановска фирма за технички преглед