Финансова откри милионска проневера преку кумановска фирма за технички преглед
Пин Петрол од Куманово е под лупа на финансовата полиција, осомничени за серија проневери се три лица. Финасовата полиција поднесе кривична пријава против управител и одговорно лице во фирмата со станица за технички преглед. Второосмничена е службеничка од АД поштенски сообраќај и третата работи како службеничка во ЈП државни патишта. Се работи за проневера на пари, средства кои наместо да завршуваат во државната каса, исчезнувале без трага.
Се сомничат дека ја оштетиле државата за над 22 милиони денари.
Финансова соопшти дека првоосомничениот управител на Пин Петрол знаел дека неговата компанија не ги уплаќа редовно срествата од патната такса но не преземал ништо. Службеничката од кумановската пошта наместо парите од таксата да завршат во државната каса ги задржувала за себе а за сметка на тоа фалсификувала налози.
Во оваа шема осомничена е и службеничката која била вработена во ЈПДП каде требало да се слеат овие средства но завршувале во џеб бидејќи таа не реагирала при надзорот на средства кои недостасувале во уплатите.
Првоосомничениот ја злоупотребил својата службена положба и овластување доверена од Јавното претпријатие за државни патишта со Договор за извршување работи за наплата на надоместокот за употреба на јавните патишта (патна такса) а за кој претходно правното лице Пин Петрол ДОО Куманово има добиено ОВЛАСТУВАЊЕ од Министерството за внатрешни работи на РСМ да врши технички преглед на возила, на начин што спротивно на обврските од Договорот не извршил контрола и не преземал никакви мерки и дејствија за реална уплата кон Јавното претпријатие за период од 01.08.2019 до 30.09.2024 година.
Овој случај дел од медиумите го поврзуваат со екс министерот за внатрешни Оливер Спасовски. Се работи за второосмничената службеничка во Пошта која според информациите била братучетка на актуелниот пратеник до СДСМ, Спасовски. Од фирмата која е предмет на целата истрага од финансова, демантираат било каква поврзаност со Спасовски. Во нивната реакција за медиумите стои
Ние како правно лице имаме склучено договор со АД Пошта Македонија (подружница Пин Петрол) за кое осомниченото лице Габриела Крстевска има работено. Како компанија најостро ги осудуваме ваквите наслови на некои медиуми и за било какви информации во врска со осомничената одговорите треба да ги барате во АД Пошта Македонија.
Од фирмата Пин Петрол ја потврдуваат акцијата на финансова и велат целата документација во врска со фирмата ја доставиле до надлежните од кои тврдат дека добиле одговор дека фирмата немала никаква поврзаност со настанот.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар