ИД објави ново пропагандно видео од Мосул

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) денеска објави ново видео на кое се појавува киднапираниот британски новинар Џон Кантли, кој досега се појави во неколку записи со пропагандна содржина на оваа организација, јави американската телевизија Си-Би-Ес Њуз.
На видеото Кантли тврди дека воздушните напади на антиџихадиситичката коалиција предводена од САД, врз ирачкиот град Мосул, предизвикале големи разурнувања на мостови и други клучни објекти, што предизвикало гнев меѓу локалните жители.
Според аналитичарите, целта на ова видео е да создаде впечаток дека состојбата во Мосул е драстично поинаква од онаа што ја прикажуваат западните медиуми дека во градот владее хаос, страдање и недостиг на основини прехранбени продукти.
Аналитичарите оценуваат дека со овој видео запис ИД сака да прикаже дека целосно ја контролира состојбата на теренот во Мосул.
Ново на Сител
-

Предлог-буџетот утре на амандмантска расправа
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Повторно одложено судењето за случајот со родилката Веапоска
-

Преглед на вестите од светот
-

Извештајот за напредокот на Македонија презентиран во Парламентот
-

Со торта во Брисел, Албанија го прослави отворањето на последниот кластер од преговорите со ЕУ
-

Во 34 години македонскиот Устав е сменет 8 пати, претседателот на Уставен повикува на негово почитување
-

Авто-школите ги поскапеа обуките за 35%
