Преглед на вестите од светот
Повеќе од 70 училишта во Австралија се затворени во текот на денешниот ден поради чистење откако беше откриен азбест. Оваа материја се наоѓала на неколку шарени производи за песок за играње откако лабораториските тестирања открија траги од азбест.
Голем број училишта и предучилишни установи во Бризбејн беа затворени во петок. Понатамошни повлекувања беа издадени за сет за градење замоци од песок од 14 дела, како и син, зелен и розов магичен песок. Училиштата се затворени за да се овозможи проценка и чистење, соопшти територијалната влада.
Азбестот е забранета супстанца во Австралија и Нов Зеланд што може да предизвика неколку видови рак кога неговите влакна се вдишуваат или се проголтуваат.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите сили нагло напредувале во југоисточно Запорожје, преземајќи две населби како дел од голем напад насочен кон преземање контрола врз целиот регион. Министерството, исто така, соопшти дека неговите сили ја освоиле населбата Мала Токмачка, што ги стави јужните градови Хуљаиполе и Орихив во опасност да бидат цел на руски клешти. Од украинска страна нема коментар.
Но, од друга страна сателитските снимки го прикажаа руското црноморско пристаниште Новоросијск пред и по нападот со украински беспилотни летала. Пристаништето продолжи со работа поради дводневниот прекин од украинските напади. Украина нападна нафтен терминал клучен излез за руските испораки. Нападот врз Новоросијск, најголемиот руски извозен центар на Црното Море, беше најштетниот украински напад досега врз главната инфраструктура за извоз на сурова нафта на Русија во Црното Море.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
