Македонија
17. November 2025 - 16:39

Извештајот за напредокот на Македонија презентиран во Парламентот

Владеењето на правото, борбата со корупцијата и независното судство се областите кои најмногу ја загрижуваат ЕУ, но Брисел се залага за целосна интеграција во Унијата, порача евроамабасадорот Рокас на презентацијата на извештајот за напредокот на Македонија во Парламентот. Освек клучните реформи повика на завршување на обврската за уставни измени.

Претседателката Силјановска со сериозни забелешки на извештајот кој го испорача Брисел. Вели дека не се согласува со многу забелешки од извештајот, но Реформите се важен процес за кој не изостанува политичка волја.

Државата задржува стабилно и добро ниво на подготвеност во низа клучни поглавја, но дека динамиката на напредокот мора да биде поенергична, особено во сегментот на владеењето на правото, смета министерот за евроинтеграции.

Додека опозицијата обвинува за ширење на евроскептицизам од власта и немање политичка волја за суштински реформи, власта побара искреност од Унијата и одговор дали постои расположение за проширување.

Со забелешки во повеќе области, но и пофалба за усогласувањето со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, Македонија доби средна оценка за напредок во изминатава година.