Преглед на вестите од светот
„Републиканците во Конгресот подготвуваат закон со кој ќе се воведат царини од 500 проценти за земјите што тргуваат со Русија и јас ја поддржувам иницијативата“, објави Трамп.
-Оваа мерка е насочена кон држави кои продолжуваат да одржуваат трговски односи со Русија, особено оние вклучени во купување или препродажба на руска нафта. Целта е да се притисне Путин да ја заврши војната во Украина, изјави американскиот претседател.
-Републиканците воведуваат закон – многу строг. Тоа е санкцинонирање, итн, итн, на секоја земја што работи со Русија. Тие може да го додат Иран на тоа, како што знаете, јас го предложив тоа. Значи, секоја земја што соработува со Русија ќе биде многу санкционирана, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Портпаролот на Путин, Песков, изјави дека тие не сакаат да донесуваат предвремени заклучоци за драконските царините што САД ги најавуваат за трговските партнери на Русија.
-Ќе видиме како ќе се развива овој закон. Ќе видиме какви детали подразбира. Секако, би го гледале многу негативно, изјави Димитри Песков, портпарол на Кремљ.
Поранешаната премиерка на Бангладеш Шеик Хасина е прогласена за виновна за злосторства против човештвото и осудена на смрт. Судот во Дака утврди дека таа е одоговорна за наредбата за насилно задушување на протестите предводени од студентите мината година, за време на кои според податоците на ОН загинале до 1400 луѓе, повеќето од огнено оружје од безбедносните сили.
Бидејќи Шеик Хасина живее во егзил во Индија, пресудата е донесена во нејзино отсуство. Пресудата ќе ја стави Индија под притиок да ја екстрадира Хасина, но е малку веројатно дека тоа ќе се случи.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
