И ЕУ со нови санкции за Северна Кореја

Европската унија денеска усвои нови санкции против Северна Кореја, со кои се воведува целосна забрана на ЕУ инвестиции, како и забрана за извоз на нафта и нафтени деривати.
Исто така, нема да бидат обновени и работните визи за Севернокорејците во сите земји на ЕУ, со исклучок на бегалците кои се под меѓународна заштита.
Досегашните санкции на ЕУ ги ограничуваа инвестициите во нуклеарната, вооружената, рударската, авионската, преработувачката и хемиската индустрија, како и во металургијата.
ЕУ воведува целосна забрана за продажба на сурова и обработена нафта на Пјонгјанг.
Сумите, кои беа испраќани за граѓаните на Северна Кореја отсега ќе бидат ограничени на 5.000 евра, а не како досега на 15.000 евра, бидејќи се претпоставува дека парите се користат за поддршка на развојот на нуклеарно оружје и балистички ракети.
Советот на ЕУ на црната листа додаде тројца граѓани и шест организации од Северна Кореја, на кои би можело да им биде одземен имотот и да им бидат ограничени патувањата.
Дополнителните санкции се предизвикани од постојаните закани од страна на Пјонгјанг за меѓународниот мир и стабилност.
Денешните мерки се во согласност со санкциите на Советот за безбедност на ОН и веднаш стапуваат во сила.
Претходно и рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се воведуваат ограничувања за Северна Кореја со цел да ја усогласи политиката со резолуцијата на Советот за безбедност на Обединети нации. Резолуцијата за економските мерки е усвоена како одговор на ракетната проба на Пјонгјанг кон крајот на 2016 година.
Ново на Сител
-

Кога ќе бидат усвоени законите за правосудството?
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

За 12 часа 65 000 прекршоци регистрираше Сејф Сити
-

Повеќе од 70 родители на ученици од „Димо Хаџи Димов“ преку петиција бараат гаранции за хигиената
-

Стигнаа предлозите од Мицкоски - Муртезани ќе се разреши, Сали - вицерпемиер, Хоџа министер за животна средина
-

Берлински процес и реформска агенда: Парламентот клучен, имплементацијата на реформи слаба
-

Пензионери на протест пред Уставниот суд
-

Околу 200.000 граѓани не добија поврат на ДДВ, УЈП вели парите ќе им бидат исплатени без да каже кога
