Берлински процес и реформска агенда: Парламентот клучен, имплементацијата на реформи слаба
Парламентот е клучниот фактор за донесувањето на реформските закони кои ќе значат исполнување на чекорите од Планот за раст и реформската агенда, но исполнувањето на обврските доцни, ваков заклучок имаа пратениците и граѓанскиот сектор кои ги анализираа сите пораки испратени по извештајот за Македонија и последниот состанок од Берлинскиот процес.
За владата приоритет останува спроведувањето на обврските кои остануваат до полноправно членство.
Мнозинството нотира дека пред пратениците се сериозни задачи, со фокус на реформи во правосудството. Но според нив треба да се следи и вистинската заложба на Унијата за проширувањето, кое не сите земји членки го одобруваат.
Опозицијата пак враќа дека за реформските закони потребна е дебата и национален консензус, а не клучните закони да се носат по скратена постапка.
Граѓанскиот сектор во анализа на првата година од реформската агенда, вели дека имеплементација е на незадоволително ниво. Од 21, само 6 реформски чекори се исполнети или помалку од 30 отсто.
Во делот на енергијата и зелената транзиција, темели и човекови права нема ниту една од планираните реформи.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар
