Хорор во Скопје: Мајка си го претепала своето бебе
Притвор од 30 дена добила 30-годишна скопјанка А.Х. за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање малолетно дете“. Мајката му нанела повреди на своето 19-месечно дете удирајќи го по телото и главата од што детето добило потрес на мозокот. Настанот се случил на 31 август 2016 околу 18 часот на ул. ,Аминта Трети“ во Скопје.
– А.Х. почнала вербална расправија со нејзината свекрва и потоа, во еден момент, го зела нејзиното 19-месечно дете и почнала физички да го малтретира, удирајќи го со раце во пределот на главата и телото по што во еден момент го кренала високо и го фрлила на земја, соопшти МВР.
Случаен минувач го пријавил настанот во СВР Скопје, по што веднаш интервенирала полицијата. Била известена и Итната медицинска помош која детето го однела во Детската клиника, а подоцна било пренесено на Клиниката за неврохирургија каде специјалист неврохирург констатирал дека има нагмечување на главата и потрес на мозокот.
А.Х. била приведена во полициска станица каде ги појаснила околностите на извршување на кривичното дело. СВР Скопје за случајот го известил и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје.
Ново на Сител
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
-

Депонијата Буково канцерогена бомба

