Хан во Македонија на средби со политичките лидери и на состанок за ХЛАД
Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Јоханес Хан, кој престојува во дводневна посета на Македонија, денеска во Скопје ќе разговара со македонските политички лидери за спроведувањето на договорот за надминување на политичката криза, за Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), за текот на реформите и за мигрантската криза.
Хан ќе има одделни средби со премиерот Никола Груевски и со претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи. Тој ќе учествува на состанокот за Пристапниот дијалог на високо ниво, како и на седницата на Националниот совет за евроинтеграција.
Еврокомесарот, како што соопшти неговиот кабинет, ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество, а предвидено е да го посети и прифатниот центар за мигранти во Гевгелија.
Ново на Сител
-
Муцунски: Проширувањето да не се билатерализира
-
Инфраструктурни идеи за зелен транспорт
-
Најавени нови инвестиции во ТИРЗ Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Teма на денот со Петар Богојески, директор на Агенцијата за европски образовни програми
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Претседателката на ДКСК во Обвинителството