Грејната сезона е на прагот, цевките на ЕСМ чекаат дозвола од Град Скопје
Премиерот е оптимист дека цевките за парно под Беласица кои чекаат половина година, ќе бидат наместени за помалку од 3 недели. Деновиве инженерите од ЕСМ ќе треба да започнат физичка градба, но тоа нема да значи санација на мостот, туку само нова подлога и држачи за цевките. Но, за тоа се уште немаат дозвола од Град Скопје. Оттаму и денеска не одговорија зошто не е дадена дозвола и кога ќе биде сторено тоа. Ако топловодот не биде монтиран на време, тогаш сметките за парно би биле повисоки и за 60%.
Топловодот е важен затоа што низ него поминува топлината од Те-то која е за неколкупати поевтина отколку онаа од топланите.
Познавачите веќе повикаа ЕСМ да не чека дозвола од Градот, туку веднаш да почнат со монатажа на цевките, со наредба од Владата, за да има греење за сите.
Извештајот по пожарот покажа дека ќе биде потребна лесна санација на мостот, но тој беше делумно отворен за сообраќај без никаква поправка и не се знае дали воопшто ќе се прави оти се уште нема ниту тендер за избор на градежна фирма.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар