Градоначалникот на Велес згрозен од грозоморниот чин на убиството на Вања и Панче, денеска одложени сите настани во Општина Велес

Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев изјави за МИА дека е згрозен од грозоморниот чин на убиството на 14 годишното девојче Вања Ѓорчевска и искажува длабока болка и тага за прерано згаснатиот млад живот, како и сочувство до нејзиното семејство. Воедно изрази згрозеност и од убиството на својот сограѓанин 74 годишниот угледен фризер и граѓанин Панче Жежовски и искажува сочуство до неговото семејство.
Тој за МИА најави дека надлежните во Општината утре ќе разговараа за прогласување на ден на жалост во Општина Велес.
-Понекогаш, едноставно не постојат зборови кои можат да ги опишат чувствата...Почивајте во мир Вања и Панче, нека правдата биде задоволена час поскоро!, напиша велешкиот градоначалник на Фејсбук.
Воедно сите културни, спортски, хуманитарни и други настани во Општина Велес денеска се откажани и презакажани за следната недела.
Велешкиот фризер Жежовски бил убиен и закопан во атарот на велешкиото село Рудник, на 3,5 километри од селото. Според инфоремацијата од МВР телото на 74-годишниот Жежовски беше пронајдено вчера, откако тројцата од петтемина осомничени го признаа делото и ја однесоа полицијата на местото.
Првоосомничен е скопскиот бизнисмен и политичар Љупчо Палевски – Палчо, за кого се тврди дека го убил и Панче Жежовски, како и 14-годишната Вања Ѓорчевска. Тој е недостапен за органите на прогонот. Нему му помагале велешаните Велибор Манев и Боре Видевски и штипjанецот Влатко Кешишов, кои добија 48-часовен притвор. На распит е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, за кого денеска на прес-конференцијата Спасовски и скопскиот јавен обвинител изјавија дека според исказите на другите осомничени тој на првоосомничениот му дал информациите за движењето на Вања, врз основа на кои тие го извршиле киднапирањето.
Телото на Вања е пронајдено вчера во атарот на скопското село Бразда, на истото место каде што пред неколку дена беше пронајден опожарениот автомобилот на Жежовски, со кој е киднапирано девојчето.
Ново на Сител
-

Со булдожери се чисти ѓубрето низ Скопје, Комунална хигиена се прави дека не ги гледа
-

ИЈЗ: Стабилна е епидемиолошката состојба - нема зголемен број на болни поради отпадот по улиците во Скопје
-

Проекти и ветувања на кандидатите кои влегоа во втор круг во трка за градоначалнички функции
-

Неврологот Игор Кузмановски ќе добие лиценца откако ќе помине обука со ментор и ја докаже стручноста
-

Удар врз металската индустрија од новата давачка од Унијата – „Загадувачот плаќа”
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски до Вреди: Нема да ја заборавиме жртвата која ја дадовме на овие избори, а за возврат не добивме ништо
-

Мециновиќ најавува конкретни решенија за отпадот во Скопје
