Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
Македонија се уште нема политичка култура на понесување одговорност по изборен пораз. Политичките аналитичари сметаат дека лидерите мора да ги следат пораките од гласачите, а не секој резултат да го претставуваат како победа.
Сепак, и Трошановски и Фаризи сметаат дека граѓаните на овие избори испратија порака на незадоволство и потреба од реформирање до сите политички партии, со историски најниската излезеност, но и големиот број на неважечки ливчиња.
Откако членството на ДУИ вчера застана зад Ахмети, а тој изборните резултати со три освоени општини ги презентираше како победа, од ВРЕДИ денеска велат дека со својот речник, Али Ахмети стави катанец на коалцијата Национална Алијанса за Интеграција.
- Ахмети денес повеќе не зборува како политички лидер, туку како некој што се дави во сопствениот јазик на омраза. Кога човек кој водеше две децении го нарекува својот народ „Газиместан“ и го навредува со „700 илјади мајки“, тогаш секој Албанец разбира дека овој човек повеќе не претставува никого, освен себеси и неговиот привилегиран круг. Али Ахмети може да продолжи со навреди, но историјата е веќе напишана: Народот проговори и го испрати кон политичката бездна, велат од Вреди.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
