Македонија
24. October 2025 - 16:29

Удар врз металската индустрија од новата давачка од Унијата – „Загадувачот плаќа”

Новата такса за декарбонизација, која ќе ја плаќаат компаниите кои извезуваат во Унијата ќе биде сериозен удар врз металската индустрија. Иако се уште не се знае колку ќе изнесува, од овој сектор веќе прават пресметки за колку ќе им поскапат производите и како да ги задржат клиентите. 

Давачката која ја наметна Европа – Загадувачот плаќа, за почеток ќе опфати 5 сектори од земјава кои од јануари ќе плаќаат повеќе ако користат струја произведена од јаглен, нафта или гас. Целта е да се намали глобалното загадување и електрична енергија да се користи само од обновливи извори.  

- Скапо е да, цените ќе бидат оптоварени. Удари врз металската индустрија ќе има, ако треба ние ќе преговараме со владата за зелени кредити, за да намалиме трошоците, изјави Марта Наумовска Грнарова, основач на МАМЕИ 

Компаниите се пред сериозен предизвик. Зелената транзиција значи и повисоки трошоци. Затоа треба да се искористат придобивките од циркуларната економија, каде од отпадот на пример се прави електрична енергија.

Како до поодржлива енергија и поконкурентна економија ќе се разговара на претстојниот саем Енерго Технома, кој ќе се одржи следната недела во Скопје.