Неврологот Игор Кузмановски ќе добие лиценца откако ќе помине обука со ментор и ја докаже стручноста
Разрешениот директор на Неврологија ќе добие лиценца за работа откако ќе помине обука под водство на ментор и потоа полага испит за својата стручност. По снимката каде д-р Игор Кумановски меша бела прашкаста материја и зборува за квалитет на дрога, освен моралната осуда Лекарската Комора и со дополнителни мерки за неврологот.
- Како резултат на констатираните наводи и за да се гарантира заштитата на пациентите и интегритетот на лекарската професија, Комората, покрај законски утврдените услови, донесе одлука за преземање на дополнителни мерки. Имено, беше одлучено дека д-р Кузмановски, за да може неговото барање да биде одобрено, мора да помине тримесечна специјализирана обука под директно водство на ментор. По завршувањето на обуката, докторот ќе подлежи на испит за детална проверка на стручните знаења и способности, пишува во соопштението на лекарската Комора.
Паралелно со ова, во Комората тече и сеопфатна процедура поврзана со неговото етичко однесување како доктор.
Инаку, за работењето на Кузмановски има и комисии формирани од Неврологија а сополнително ќе формираат и дисциплинска комисија. Минатата недела доби и парична казна од Државниот санитарен и здравствен инспекторат бидејќи со месеци прегледувал пациенти без важечка лиценца.
-Во текот на денешниот ден до нашата установа пристигна и решението од извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Од таму е посочено дека во врска со овој случај Клиниката за неврологија е задолжена предметот на здравствениот работник во врска со личната и професионалната одговорност да биде преиспитан од страна на дисцџиплинска комисија и истата дополнително ќе биде формирана согласно Законот за здравствена заштита, вели д-р Јован Божиновски, директор на Клиника за Неврологија
Пред две недели снимката со д-р Кузмановски предизвика бурни рекации во јавноста а неврологот веднаш беше разрешен од директоркста позиција. Тој ја призна грешката, се извини за постапката со образложение дека била во моменти на слабост.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
