ДУИ прогласи победа на локалните, бара предвремени избори - ВРЕДИ за 2 круг ќе остават гласачите сами да одлучуваат
Итни парламентарни избори бара ДУИ- ова е заклучокот од денешното централно претседателство на партијата од каде што оценија дека тие се победници во првиот круг од изборите. Имале повеќе гласови и за советници и за градоначалници. Али Ахмети нема да се повлекува ниту од политиката ниту од лидерското место во ДУИ и смета дека не е поразен ни по 25 години учество во политиката. ДУИ е победник на национално ниво, велат оттаму.
Пред да бараат предверемени избори Али Ахмети треба да се запраша дали ќе може да се соочи со слободниот глас на Албанците кои повеќе не се плашат од него, му одговорија од ВРЕДИ. Апсурдно е Ахмети да се претставува како победник на изборите.
По изјавата на Касами дека во вториот круг во Кичево треба да се поддржи кандидатот на ДУИ, премиерот Мицкоски му порача дека коалициите треба да се водат по вредности, а не по етничка припадност. Денес, Касами рече дека неговата коалиција има став по ова прашање, а ставот на ВРЕДИ е дека граѓаните треба сами да одлучат за кого ќе гласаат.
Во првиот круг од изборите коалицијата ВРЕДИ доби пет градоначалнички места, додека ДУИ доби три. Во вториот круг двете коалиции ќе се борат за градоначалничкото место во Тетово, Гопстивар и Боговиње, но од поддржувачите на нивните коалиции ќе зависи и изборниот резултат во фолемите општини како Кичево, Струга и Дебар.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
