Македонија
25. October 2025 - 16:33

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски ги повика граѓаните да го искористат правото на глас и како што рече, да не дозволат некој друг да одлучува за нивната иднина. Очекува дека во втoриот круг, партијата ќе ги освои сите 24 градоначалници во општините каде има прегласување.

Предизборниот караван на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во Лозово. Кандидатот за градоначалник, Бошко Цветковски, вети нови работни места, инвестиции во инфраструктурата, образованието.

Кандидатот за градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, најавува картичка со попусти за секој жител на општината. Ќе важат за купување билети за спортски и културни настани, продавници, угостителни објекти.

Противкандидатот Лабудовиќ со ветување за обнова на фасадите на зградите во Центар. Смета дека со проектот, сметките за греење на жителите на Центар значително ќе се намалат.

Од Независни заедно кои за свој кандидат за градоначалничка ја имаа Билјана Ивановска, денеска порачаа дека за вториот круг избори нема да бараат од своите поддржувачи да гласаат за некој од кандидатите. Изборот велат треба да е по сопствено убедување.