„Форбс“: Си Џинпинг највлијателен човек во светот
Кинескиот претседател Си Џинпинг се најде на првото место на ранг листата на највлијателни луѓе на планетата, што денеска на својата интернет страница ја објави американското списание „Форбс“.
Втор на листата е првиот човек на Русија, Владимир Путин, а на третото место е претседателот на САД, Доналд Трамп.
Во првата десетка натаму следуваат германската канцеларка Ангела Меркел, сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, папата Франциско и основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс.
На осмото место е саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман Ал Сауд, девети е индискиот премиер Нарендра Моди, а десетти - Лари Пејџ од Гугл.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон е 12-ти, а британската премиерка Тереза Меј - 14-та.
Иранскиот верски водач, ајатолахит Али Хаменеи е 17-ти, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е на 31-то место, а претседателот на Европеската комисија, Жан-Клод Јункер е 33-ти.
На 36-тото место е севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, а турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е 48-ми.
На 73-тата позиција е лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал Багдади.
Ново на Сител
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити
-
Бошњаците бараат кривично да се казнува негацијата на геноцидот во Сребреница
-
Реакција по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ
-
Нов дефект во РЕК Битола - ЕСМ се сомнева во саботажа
-
Три лица на скопските клиники, по вчерашната улична пресметка со нож во Чаир