Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити
Се уште нема конечен договор за соработка меѓу Таравари и Ахмети и покрај тоа што лидерот на Алијанса ги напушти Вреди и Владата токму поради калкулациите за локалните избори. Од Европскиот фронт велат дека наскоро ќе бидат објавени детали од разговорите.
Сепак, добро упатени извори велат колку и Травари и Ахмети да ја посакуваат соработката, првиот интегративец има проблем со прифаќањето на ексминистерот за здравство од останатите партнери во Фронтот. Особено крилото на Села се уште не го простува тоа што токму Таравари првично ја напушти и распадна Алијанса. Од таму се сомневаат дека мотивите на Таравари се лични.
„Излегувањето на Арбен Таравари, како еден од главните креатори на ВЛЕН, од Владата, без да го понесе целото свое творештво со себе, не е национален чин, туку комерцијален, сега, во пресрет на локалните избори. Бидејќи од првиот ден во политиката, тој никогаш не бил без власт, особено без локална власт...По потпишувањето на договори од десетици милиони евра во здравството, да излезете и да кажете: „Доста беше, излегов“. Извинете, но враната не ни го испила умот за да паднеме на ова ниво, а ни помалку ни повеќе ни Албанците!“, напиша на Фејсбук, пратеничката Илире Даути од кај Села.
Претходно и Скендер Реџепи кој е во Фронотот на ДУИ коментираше дека разговорите Таравари – Ахмети се приватни и за соработка на локалните избори ќе треба согласност од сите во коалицијата.
Во меѓувреме, Европскиот фронт се уште е под притисок на владејќката Вреди за преземање на пратеници. Не ја потврдуваат информацијата дека Тачи заминува на другата страна, но велат секоја партија сама одлучува за себе.
Според информациите од Вреди, за ДПА на Тачи веќе се чува место во владиниот кабиент – заменик министер во одбрана. Од ВМРО-ДПМНЕ засега не ги кмнтираат ваквите можни преминувања на страната на власта.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар