Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
Проширувањето ќе биде во фокусот на данското претседавање со Советот на Европската Унија кое стартува од 1 јули, вели министерката Мари Бјере кој престојува во Скопје. Според неа, направен е прогрес и сега е моментот Македонија да го искористи, но остануваат обврските и реформите кои мора да бидат завршени.
Доаѓањето на Бјере во Македонија е силен сигнал дека Данска е силен поддржувач на македонските интеграции, вели министерот Муртезани. Од неговата колешка побарал во интегративниот процес да се почитуваат копенхашките критериуми како единствен темел врз кој се гради политиката на проширување.
Бјере не ги спомена обврските на Бугарија за 16-те пресуди на Судот во Стразбур и не одговори што ќе направи нејзината држава за да и помогне на Македонија во процесот. Ги пофали Црна Гора и Албанија за напредокот, најави поддршка и за Украина и за Молдавија, а ја повика земјава заеднички да работи со Брисел за продвижување на процесот.
Освен проширувањето како приоритети на Претседателството најави дека ќе бидат безбедноста, конкурентноста и одржливоста.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар