Фон дер Лајен: Европа мора да се бори за своето место услови на промена на глобалниот поредок
Во денешниот немилосрден свет не може да чекаме уште 50 години за да ја претвориме во реалност идејата за независна Европа врз која е основана ЕУ, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред Европарламентот на дебатата по Програмата за работа на ЕК за 2026 година.
– Исходот од руската војна ќе го обликува безбедносниот поредок на Европа во наредните децении. Постои надеж дека војната во Газа конечно може да заврши. Нашиот регионален и глобален поредок се менува. И Европа мора да се бори за своето место во свет каде што некои големи сили се или амбивалентни или непријателски настроени кон нас, рече Фон дер Лајен.
Според неа, исто важи и за глобалната економија, каде се води глобална трка со вештачка интелигенција и побрза и пожестока од кога било досега трка за чиста индустрија.
– Тоа влијание се чувствува во нашите фабрички хали, во нашите семејни буџети, во начинот на кој работиме и живееме. Тоа е свет на постојани промени. Европа мора да се издигне на висина на задачата, рече претседателката на ЕК.
Фон дер Лајен нагласи дека ЕУ мора да направи повеќе за сопствена одбрана и безбедност и да преземе контрола врз чувствителните технологии и изворите на енергија, како и одговорност за видот на општеството во кое сака да живее.
– Ова е изборот со кој се соочуваме сите. Можеме или да бидеме обликувани од настаните или да ја имаме слободата и моќта да ја одредиме сопствената судбина, потенцира Фон дер Лајен.
Според неа, за таа цел, работна Програма на Комисијата за следната годината ќе биде фокусирана на „моментот на независност на Европа“, од што ќе зависи од нејзината способност да се натпреварува во променливата глобална економија.
– Но, сакам да бидам искрена. Предизвиците со кои се соочуваме се поголеми од оние што беа пред една година, со експоненцијален раст на вештачката интелигенција, со зголемена употреба на контролата на извозот и со глобална неизвесност што ги оптоварува јавните финансии и приватните инвестиции, рече Фон дер Лајен.
За остварување на овие заложби, според неа, од суштинско значење се брзината на дејствување, двојното намалување на зависноста на Европа и обезбедувањето прифатливи нивоа на цените.
– Во оваа деценија ќе се појави нов меѓународен поредок. Кога зборуваме за независноста на Европа, зборуваме за нашата способност да го обликуваме тој нов поредок, почнувајќи, се разбира, од нашето непосредно соседство, истакна претседателката на ЕК.
За таа цел, според неа, ЕУ мора да игра значајна улога во обновата на Газа и постигнувањето мировно решение за Блискиот Исток според моделот на две држави, како и во напорите ставање крај на војната во Украина со праведен и траен мир.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ
-
Притвор се бара за шест лица, а за деветнаесет мерки на претпазливост за злоупотреби во прилепската болница
-
Сведоци на обвинителството се откажуваат од прогон на онкологот Васев
-
10 годишно дете гризнато од глушец поради несобраното ѓубре во скопски Капиштец
-
Преполните контејнери и расфрланиот смет се потенцијална “бомба” за заразни заболувања
-
Кој колку би освоил на парламентарни избори?
-
Касами ветува поддршка за ДУИ во Кичево, очекува гласови од интегративците во останатите општини
-
Ѓорѓиевски сигурен во победата веќе одржа координација со мнозинството од Советот на г. Скопје