Димитров: Време е да ги почнеме пристапните преговори со ЕУ
Време е да почнеме пристапни преговори. Вистински тест за ЕУ е токму нашиот случај, бидејќи ние сме земја кандидат 16 години, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на заеничката кој по билатералната средба со австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер.
Одговарајќи на новинарско прашање дали се очекува и други земји да го блокираат почетокот на преговорите за нашето членство во Унијата, Димитров нагласи дека императивот за успех е навистина огромен годинава, потенцирајќи дека она што го говори за ЕУ и за реформите, се потпира на ветувањата од Брисел.
– Нас во јуни 2018 година ни рекоа – го цртаме патот да почнете преговори во јуни 2019 година. Во јуни 2019 година ни рекоа, сепак ќе одлучиме во октомври 2019, а во октомври 2019 година ни рекоа, не можеме сега да донесеме одлука. Одлуката се донесе во март 2020 година, меѓутоа уште не може да биде спроведена. Затоа сум се поискрен и се поотворен и мислам дека вистински тест за ЕУ е токму нашиот случај, ние сме земја кандидат 16 години, а во нивото на усогласеност сме апсолутно во слична, а во определени области и во подобра кондиција со државите кои веќе многу години се во пристапниот процес, истакна Димитров.
Австриската министерка Едштадлер, од своја страна, нагласи дека гледа огромна опасност ако заради билатерални конфликти или дискурси или заради нерешени прашања од историјата, се направи голема грешка и не започнат преговорите со земјава.
– Сакам уште еднаш да ја кажам понудата на Австрија како еден вид посредник за решавање на проблемот помеѓу Бугарија и Македонија. Ние да посредуваме, затоа што се работи за ништо помалку од нашата заедничка иднина и треба да бидеме свесни оти неколку дена пред 9 Мај – Денот на Европа, конечно е време да почнат конференциите, земјите од Западен Балкан да ги вградиме во дијалогот и да им овозможиме иднина. Да не се случува тоа во наредните три, пет или 10 години, туку интеграцијата да се случи бргу и перспективата да им се даде сега. Австрија како партнер со земјите од Западен Балкан сака да ја игра оваа улога, знаејќи оти на европско ниво уште некои работи мора да се дозавршат за дијалогот да продолжи. Се надевам дека наскоро тоа ќе може да се случи, изјави Едштадлер.
Ново на Сител
-
Уште еден пратеник го напушти Таравари, Мицкоски најавува промени во Владата
-
Дали Македонија навистина ќе има бенефит од стратешкото партнерство со Велика Британија?
-
Кога ќе се изгради новата Клиничка болница во Штип и болницата во Кичево кои се градат веќе со децении?
-
Што може да се очекува ако Трамп ги воведе царините?
-
Се зголемува интересот за тутунот, дали годинава ќе има повисока цена од лани и повеќе килограми?
-
120 доброволци се обучуваат за справување со пожари
-
Национална стратегија за заштита од пожари
-
Преглед на вестите од светот