Димитриеска-Кочоска: Капиталните инвестиции бележат раст од 47,4 отсто

Со новата методологија за евидентирање на капиталните инвестиции, заклучно со 13 ноември, тие бележат раст од 47,4 отсто, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска.
Таа во гостување на ТВ Сител рече дека за 2025 година има висок износ на проектирани капитални расходи, но во исто време има и огромна реализација.
- Но, она што секогаш треба да го правиме, го споредуваме со претходните години. Знаете дека методологијата ја променивме во начинот на евидентирање на капиталните расходи. И покрај тоа што ја променивме методологијата, годинава имаме реализација заклучно со 13 ноември – 22 милијарди и 151 милион денари, наспроти 19 милијарди од минатата година. Меѓутоа, доколку ги додадеме или ја прилагодиме методологијата за двете години да биде иста, тогаш годинава имаме реализација од 28 милијарди, или тоа е 47,4 отсто повеќе, рече Димитриеска - Кочоска.
МИА
Ново на Сител
-

Комисијата избра тројца кандидати за судија во Стразбур
-

Итен инспекциски надзор во О.У „Димо Хаџи Димов”, поради сомнежи за труење
-

Неколку ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов” хоспитализирани на Детска клиника
-

Комисијата избра тројца кандидати за судија во Стразбур
-

Мицкоски: Вреди ќе има ист број места во Владата, во понеделник предлог за пополнување на празните места
-

Филипче: Владата ја кочи државата
-

Муцунски: Бараме долгорочна стратегија од НАТО и ЕУ за целосна интеграција на Западен Балкан
-

Ќе поскапи ли струјата?
