Десетто издание на манифестацијата „Денот на гравот“ во Теарце
Во тетовско Теарце се одржа 10-то издание на манифестацијата „Денот на гравот“ чија цел е промоција на најпознатиот земјоделски производ во регионот. Посетителите како и секоја година имаа можност да дегустрираат храна подготвена од ученици и да вкусат грав, во организација на Центарот за едукација и развој (ЦЕД) од Теарце.
-Десет години опстојуваме и покрај сите потешкотии со кои се соочуваме. Продолжуваме со манифестација која е богата со гости, активности и програма. Една од целите е да бидат сите на една маса. Тоа може да се види и денеска без разлика на сите поделби на општеството, сите заедно сме тука без предрасуди, изјави Лазар Ѓорѓевски од ЦЕД.
Министерот за дијаспора Едмонд Адеми истакна дека оваа манифестација е една од тие што ги обединува луѓето.
-Пред 10 години беше една манфестација која почна заради промоција на земјдеолски производ и стана манифестација која обединува по етничка и религиозна основа, што е убавината и на регионот и на државата, да покажеме дека имаме култура и традиција на заедништво, рече Адеми.
Сите посетители имаа можност да пробаат од гравот кој го подготви готвачот Димко Ѓорѓески. -За над 400 лица ставивме 20 килограми грав, пет килограми пиперки, пет килограми кормид и еден килограм лук. Гравот годинава е добар иако имаше мал род, објасни готвачот.
На манифестацијата традиционално настапија културно-уметнички друштва од трите националности – македонска, албанска и турска кои живеат во регионот. Настанот беше збогатен и со одбележување на Европскиот ден на зелениот појас, со изложба на фотографии и филмови од германската фондација Евро-натур. Во канцеларијата на ЦЕД се организираше и акција за дарување крв, во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
Мицкоски: Инвестициите за разлика од претходно се без повластувања и барање мито
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза