Македонија
30. September 2025 - 16:36

Ветувања на коалиција ВМРО-ДПМНЕ: Нови автобуси, БРТ за Скопје, гаражи во Карпош

Ова не се само локални избори, ова се избори со кои СДСМ и ДУИ ќе се пратат во политичка пензија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот прв митинг од кампањата за изборите на 19 октомври, а обвини за непринципелни коалиции меѓу Филипче, Стевчо Јакимовски, Ахмети и Апасиев. Мицкоски се посомнева и дека новата Резолуција за црвените линии е пово додворување на СДСМ кон Бугарија.

Останаа заглавени и верни на бизнисите и тендерите, и затоа се сојузуваат за да ги спасат своите кариери. И овие сценарија се полесниот начин да избегаат од реалноста дека на овие избори ќе паднат уште повеќе и едвај ќе се држат на 120 до 130 илјади гласа поддршка... Дојде време ова СДСМ да збори за патриотизам верувале или не. А што била опцијата? Ако не сме го сменеле Уставот како што сака Венко да не сме преговарале веќе за ЕУ? Добро, во ред но кое е решението што ни го дава Венко? Кому треба сега овој негов предлог да служи? Јасно е дека ова е некое ново додворување на СДС кон нашиот источен сосед, на штета на Македонија.

Во меѓувреме кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ веќе ги отворија понудите за граѓаните. Ѓорѓеивски пробивање на повеќе булевари за поврзување на Аердором со Кисла Вода, Ѓорче Петров со Сарај и Гази баба со Илинден. Во јавниот сообраќај вети градски воз, нови 80 автобуси за ЈСП и лиценци за приватните превозници. Ќе остане и БРТ проектот.

Монтажни гаражи во Карпош пак, ветува Лукровски.

Ве поздравувам од моето маало од Карпош 4. Овде сум 52 години, ништо не е променето со овој паркинг откога знам за себе. Во меѓувреме, има изградено и неколку нови згради во предниот дел од другата страна на убавиците. Хаос и во долниот дел со трговскиот центар, хаосот и овде на кејот на Вардар. Ветувам нови монтажни гаражи во овој дел, со над 120 нови паркинг места кои ќе завршуваат со фотоволтаици, ем корисно, ем како заштита на возилата од влијанијата како сонце, град итн. Ја барам вашата доверба и ова ќе биде сторено. Ветено.

Коалициската ЗНАМ пак најавува социјална помош и мерки за помалкиу сиромаштија во Куманово.

Општината спроведе и спроведува низа локални активности и мерки за подобрување на општата состојба на граѓаните и тоа: Бесплатен јавен превоз за сите граѓани на сите линии Народна кујна Субвенционирање на трошоци за комунални услуги Обезбедување на помош за домување на станбено необезбедени лица Еднократна финансиска помош за социјално најзагрозените Обезбедување на социјални услуги преку програмата “општинско корисна работа“ Социјална инклузија на децата - Роми во детските градинки Набавка на специјално возило за лица со попреченост“,

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ вчерва ќе одржи митинзи во Вевчани, Струга и Ресен.