Филипче: Власта е прочитана како буквар, ниту една реформа не е спроведена
Граѓаните ќе ги казнат ВМРО ДПМНЕ на овие избори смета лидерот на социјалдемократите. Филипче ја обвини власта за партизирање на судството, потфрлање во реформскиот процес и од вкупно 12 закони кои биле предвидени за годинава, ниту еден до сега не е поднесен до министерството за правда. Според него граѓаните се изморени од секојдневното слушање на реториката на власта додека државата се соочува со сериозни економски проблеми. Филипче уште еднаш потенцираше дека СДСМ на овие избори оди самостојно и не е во договор со ниту една опозициска партија.
Нула диви депонии во главниот град е приоритет во програмата на кандидатката за град Скопје од СДСМ. Шукова од Вардариште најви дека во нејзиниот план е предвидено претоварната станица да биде повторно активна, со селектирање и искористување на отпадот како ресурс. Таа вели дека има решение и за палењето на отпадот на оваа локација.
Бесплатен оброк за сите ученици и бесплатна неколкудневна екскурзија низ Македонија најави кандидатот за градоначалник на О. Центар.
Караванот на СДСМ денеска ќе оди во Лозово, Карбинци,Пробиштип а централниот митинг ќе се одржи во Штип.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар