Македонија
30. September 2025 - 16:36

Справување со корупцијата, решенија за јавен превоз и хигиена - Изборни ветувања на албанските партии

Скопје треба да стане чиста и репрезентативна метропола со среден јавен превоз, достапни јавни услуги за сите граѓани, вели кандидатот за градоначалник од редовите на Националната алијанса за интеграција, Скендер Реџепи Зејд. На локално ниво пак со пакет мерки под назив Граѓанско око“, со цел Чаир да стане најтранспарентна во државата“, кандидадатот за градоначалник Бујар Османи, најавува искоренување на корупцијата.

Хаосот со хигиента во Чаир, ќе биде приоритет за кандидатот за градоначалник од ВРЕДИ, Изет Меџити. Најавува подземни контејнери како едно од решенијата за чиста општина.

ВРЕДИ вечерва со митинг во Скопје ќе одржи промотивна конвеција , а ДУИ продолжуваат со средбите со градѓани во општините каде имаат свои кандидати за градоначалници и листи за советници.