Македонија
30. September 2025 - 16:36

Бројот на лица со симптоми од сендвичи се искачи на 17, кај дел е изолирана салмонела

Два нови случаи на затруени од штипската сендвичара регистрира Центарот за јавно здравје. Бројот на ученици, но и вработени во средното стручно училиште, кои имаат симптоми на труење од консумација на сендвич со пилешко и компири, се искачи на 17.

- До сега се регистрирани 17 случаи, кај дел од нив од измет е изолирана „Salmonella enteritidis“. Земени се 35 примероци од храна, вработени и работни површини и се пратени во лабараторија на Институтот за јавно здравје во Скопје, информира епидемилог Светлана Живкова, од ЦЈЗ- Штип (ТЕЛОП- како за вчерашниот прилог)

Резултатите од земените примероци се уште се чекаат. Од инфективното одделение при штипска клиничка информираат дека во моментт кај нив се хоспитализирани 5 пациенти, а 10 се во дневна болница и сите се во стабилна состојба. Сендвичарата е затворена, извршен е санитарен преглед на сите вработени, како и нивна едукација.