Македонија
30. September 2025 - 16:36

Теренски активности за изборите на помалите политички партии

Левица кампањата ја сели на улица, без бини и микрофони. Кандидатот за градоначалник за Скопје, Амар Мециновиќ вели дека ако ја добие довербата од граѓаните, врвен приоритет ќе му биде решавањето на проблемот со јавниот превоз. Ветува борба со загадениот воздух и борба против приватизација на претпријатија на Град Скопје.

Кандидатот за градоначалник за Скопје на коалицијата Искуство за успех, Александар Трајановски денеска од парк ја претстави социјалната мерка во неговата програма. Со градското зеленило да се произведуваат палети.

Професорот Горан Марковски (Независни заедно) од пред Универзална сала, порача дека на Скопје му е потребен стручен, отчетен и независен градоначалник, а токму остатоците од салата биле резултат на политички препупувања.