Македонија
30. September 2025 - 16:35

Мицкоски: Формирањето на многудетно семејство е највисок патриотски чин

Формирањето многудетни семејства е највисок патриотски чин. Премиерот Мицкоски со порака до граѓаните – формирајте семејства со повеќе деца за државата да има иднина. Падот на наталитетот во последните 50 години според премиерот е загрижувачки тренд. Ова е прв приоритет на Владата, за која вели, дека веќе реализира повеќе мерки кои треба да поттикнат раѓањето на повеќе деца.

За 20 години се плашам дека ќе бидеме држава под 1 милион жители и тогаш ќе имаме на еден пензионер еден вработен. Тоа значи колапс за пензискиот фонд, тоа значи колапс за здравствениот фонд. Секој оној кој што си игра играчки и кој што ова не го разбира, колку е ова озбилно, не и мисли добро на државата. Нека ме нарекуваат конзервативен, заостанат како сакаат нека ме нарекуваат, но ова мора биде прв приоритет на оваа Влада и на сите следни Влади, а тоа се многудентни семејства, вели премиерот Мицкоски

Во следните пет години владата ќе соработува со Фондот за насление на Обединетите нации за инвестирање и искористување на човечкиот капитал. Македонија е прва држава од регионот која ја потпишува и спроведува оваа програма и покрај тоа што речиси и да нема земја во светот која не се соочува со стареење на населението.

Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот за население на Обединетите нации

За формирање на многудетно семејство, граѓаните треба да имаат достоинствен приход кој Мицкоски го уништи, реагираат од опозицијата на повикот на премиерот.

Знае ли Мицкоски дека според последните статистики дури 22% од децата живеат во сиромаштија? Наместо да работи на политики за зајакнување на стандардот, покачување на платите, обезбедување поддршка за мајките и жените, наместо да се бори со конкретни механизми за да ги мотивира младите брачни парови да имаат деца, тој им беседи за патриотизам.

На Мицкоски треба да му е јасно дека сите сакаат деца, но за да се имаат повеќе деца потребно е родителите да се чувствуваат сигурни, со стабилни приходи и да живеат во перспективна држава. Ништо од тоа не е Македонија на Мицкоски во овој момент, велат од СДСМ.