Чави ја гледа иднината како тренер на Барселона
Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави Ернандес, вели дека сонува еден ден да биде тренер на клубот од „Ноу Камп“ и напоменал дека тоа сигурно нема да се случи наредната сезона.
Барселона по завршувањето на сезоната ќе добие нов тренер, откако актуелниот предводник Луис Енрике, најави дека го напушта клубот.
По оваа објава медиумите започнаа да лицитираат со името на неговиот наследник, меѓу нив го нема Чави кој рекол дека нема доволно искуство.
„Сонувам да бидам тренер на Барселона. На пат сум да направам проект. Работам на тоа да станам тренер, но сѐ уште не сум ги добил сертификатите. Морам многу работи да научам кога е во прашање соблекувална со 25 фудбалери во неа. Невозможно е да го заменам Луис Енрике. Сѐ уште не сум ги положил испитите. Наредната сезона ќе ми биде последна како фудбалер, а патоа ќе видиме што ќе се случува“, рекол Чави кој по заминувањето од Барселона се пресели во Катар, во тимот на Ал Сад.
Ново на Сител
-
Протестен марш на иницијативата ,, Кој е следен"
-
Тема на денот со Виктор Мизо, претседател на Совет на Странски Инвеститори
-
Берзите во зелено, Трамп се сомничи за инсајдерско тргување!
-
Никој на форумот во Делфи не ги оправда царините на Трамп – „Најпогодени ќе бидат Американците“
-
Градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, урнале ѕид на соседната
-
Судски совет ја преиспита одлуката на судијата Ферати
-
Здравствени работници во земјата ќе се едуцираат како да им помогнат во долготрајната рехабилитација на повредените од Кочани
-
Акција: 43 лица осомничени за измами со брзи кредити